ВИДЕО | Скерлев: Никој не ги проблематизира и политизира резултатите – пописот во Велика Британија започнува на 21 март и завршува истиот ден

Пописот во Велика Британија ќе започне на 21 март и ќе заврши истиот ден. Тогаш ќе бидат отворени попишувачките места. Ќе се вклучиме на интернет и ќе треба да се впише кодот од 16 бројки и ќе може да се поплнат формуларите. Оние кои нема да можат да го направат тоа преку интернет, претходно ќе ги добијат формуларите, ќе треба да се пополнат и ќе бидат обезбедени разни помошни средства кои граѓаните ќе можат да ги добијат на разни начини. Оние попишувачи кои ќе треба да одат од врата на врата за да помогнат на стари и изнемоштени лица ќе бидат со соодветна заштита и ќе бидат преземени сите протоколарни мерки, изјави во Утрински брифинг, новинарката Жанета Скерлев.

Во Велика Британија, никогаш не се случува некој да ги проблематизира од политички аспект резултатите од пописот. Ако даваш лажни податоци ќе бидеш казнет, но да бидам искрена досега немам сретнато вест дека некој бил казнет за лажно давање податоци. Ние и кога гласаме не гласаме со лични карти. Нема никакво политизирање. Се оди на доверба, додава Скерлев.

Целиот разговор погледнете го во видеото: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот