ВИДЕО | Скелет од Горгосаурусот за првпат на аукција: Овој диносаурусот бил пожесток и побрз од Т-Рекс

Фото: Принтскрин - Препорачано

Горгосаурусот се движел по земјата пред приближно 77 милиони години. Возрасен мажјак тежел околу два тона и бил малку помал од неговиот попознат роднина Тираносаурус рекс. Палеонтолозите велат дека бил пожесток и побрз од Т-Рекс, со јачина на гриз од околу 42.000 њутни, во споредба со 35.000. Скелетот е откриен во формацијата на реката Џудит во близина на Авр, Монтана во 2018 година.


Скелетот на овој вид диносаурусот ќе се најде на аукција за прв пат и се очекува да достигне цена меѓу пет и осум милиони американски долари, објави „Сотби“. Ова е прв пат Сотби да стави цел скелет од диносаурус на аукција откако го продаде Т-Текс Су во 1997 година за 8,36 милиони долари.

Аукциската куќа на 28 јули ќе го стави на продажба скелетот на диносаурус висок три метри и долг 6,70 метри. „Сотби“ наведува дека е еден од највредните диносауруси што некогаш се појавиле на пазарот, пренесува Forbes“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот