ВИДЕО | Скелет од диносаурус ќе се продава на аукција за 1,2 милиони евра

Невообичаено добро сочуван скелет на диносаурус, Камптосаурус познат како Бери, кој датира од периодот на доцниот јура пред околу 150 милиони години, ќе биде ставен на аукција во Париз следниот месец.
Диносаурусот, кој првпат бил откриен во 1990-тите во американската сојузна држава Вајоминг, првично бил обновен во 2000 година од страна на палеонтологот Бери Џејмс, по кого го добил името, пишува „Ројтерс“ (Reuters).
Италијанската лабораторија „Coik“, која минатата година го купила Бери, изврши дополнителни реставраторски работи на скелетот, висок 2,1 метар и долг пет метри.
„Станува збор за исклучително добро сочуван примерок, кој е доста редок“, изјавил Алесандре Гикело од париската аукциска куќа „Хотел Друо“, каде што ќе се врши продажбата.
Скелетот, кој ќе биде прикажан на јавноста во средината на октомври пред продажбата, се очекува да биде продаден за околу 1,2 милиони евра.