ВИДЕО: Скандирањето на навивачите на Интер го воодушеви фудбалскиот свет

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Интер започнаа со подготовките за новата сезона во која ќе ја бранат титулата шампион на Италија.

Интер успеа да ја запре деветгодишната доминација на Јувентус минатата сезона и стигна до Скудетото по 11 години чекање.

Овој клуб очекува многу предизвици во новата сезона затоа што не е тајна дека клубот е во тешка финансиска состојба поради која започнаа да продаваат некои од најдобрите играчи. Ашраф Хакими веќе го напушти клубот за да се пресели во ПСЖ и се чини дека нема да биде единствениот кој ќе си замине.

Повеќето играчи на Интер започнаа со подготовките за новата сезона, а на тренингот беше и Симоне Инзаги, кој беше избран за нов тренер откако Антонио Конте неочекувано го напушти клубот.

Фудбалерите на Интер денеска имаа тренингот во Апиано, каде беа пречекани од голема група навивачи кои ги изненадија со својата посета.

Фудбалерите на овој клуб решија да излезат и да ги поздрават навивачите кои со своето скандирање ги воодушевија сите. Имено, фановите започнаа да го извикуваат името на Кристијан Ериксен кој неодамна доживеа срцев удар на Европското првенство.

Не е познато дали Ериксен ќе може да игра повеќе во дресот на Интер, но сигурно е дека има голема поддршка од навивачите на овој клуб.

Видеото што се појави на социјалните мрежи ја воодушеви фудбалската јавност, а сигурно е дека Данецот ќе биде многу среќен што за него мислат навивачите и соиграчите од Интер.

Видео на денот