ВИДЕО | Скандалозни снимки: Амбасадорка со месеци ја тепала куќната помошничка во резиденцијата во Бразил

Амабсадорката на Филипини во Бразил е отпуштена од службата, откако е откриено дека со месеци ја тепала една од своите куќни помошнички во официјалната резиденција во Бразилија, а нејзините напади се снимени и објавени во медиумите.

Маричу Мауро е отповикана и вратена во Манила кон крајот на минатата година. Телевизијата Глобоњуз ги објави снимките од безбедносните камери за време на осумесечен период на кои се гледа амбасадорскиот однос кон нејзината куќна помошничка и сонародничка.

Амбасадорката е отпушена од Министерството за надворешни работи, објави вчера филипинскиот претседател, Родриго Дутерте.

– Постојат правила што треба да се почитуваат. Во спротивно, се соочувате со ризик и ако нештата тргнат лошо по вас, нема да бидете спасени, рече шефот на државата.

Мауро, исто така, ќе го загуби правото ма пензија и повеќе нема да може да работи во јавна служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот