ВИДЕО | Скандал во Токио: Уметничкиот директор на ОИ даде оставка откако ја навреди „јапонската Бијонсе“

Креативниот директор на Олимписките игри во Токио, Хироши Сасаки, денес соопшти дека дава оставка од својата функција, откако даде погрден коментар за позната јапонска комичарка.

Сасаки во комуникација со својот тим низ групен чат, рекол дека комичарката Наоми Ватанабе на отворањето на игрите ќе настапи како „Оlimpig“ (Олимписка свиња?)

– Искрено се извинувам на Ватанабе и на сите луѓе кои се почувствуваа лошо поради овој коментар – изјави Сасаки.

Оставката на Сасаки се случи откако неделникот „Шукан Буншун“ вчера извести дека тој дал непримерна изјава во врска со изгледот на Ватанабе, а таа соопшти дека е изненадена од неговиот коментар, но и дека е среќна со својот изглед, иако Сасаки погрдно алудирал на нејзината тежина.

Наоми Ватанабе во Јапонија ужива голема популарност како комичарка и имитаторка, а јавноста ја знае по имитирањето на светската музичка ѕвезда Бијонсе Ноулс.

Сеико Хашимото, која е избрана на местото на претседателот на Организациониот комитет на Олимписките игри во Токио, откако претходниот претседател Јоширо Мори даде оставка поради сексистички изјави, рече дека е шокирана од коментарот. Таа изјави дека ја прифаќа оставката, со оглед на тоа дека родовата рамноправност е приоритет за оваа организација.

Агенцијата вели дека заминувањето на главниот и одговорен директор на церемонијата на само четири месеци пред почетокот на Олимписките игри е голем удар за настанот, за кој се уште е неизвесно дали ќе се одржи и во колкав обем поради пандемијата од ковид19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот