ВИДЕО: Скандал во Мелбурн, навивач го прекина финалето Надал – Медведев!

Навивач во Мелбурн протестираше поради бегалците/Мелбурн, Австралија/30 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Неверојатни сцени бea видени во машкото финале на „Австралија опен“ во кое играат Рафаел Надал и Данил Медведев.

Пред крајот на вториот сет, на сервис на Надал кога Медведев имаше брејк топка, еден навивач влета на теренот од страната каде што беше рускиот тенисер.

Публиката остана без зборови додека обезбедувањето успеа правовремено да го запре лицето и да го извлече од теренот.

При упадот за Надал и Медведев имаше дополнително обезбедување, за да не дојде до поголем инцидент.

Како што може да се види, човекот кој упадна во теренот на „Род Лејвер Арена“ во Мелбурн протестираше поради бегалците, односно барајќи да се укине притворот за сите мигранти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот