ВИДЕО: Скандал на Олимписките игри, марокански боксер се обиде во стилот на Тајсон

Фото: EPA-EFE/TAMAS KOVACS HUNGARY OUT

Мароканскиот боксер Јуне Бала направи голема скандал на Летните олимписки игри кои се одржуваат во Токио, Јапонија.

Бала во мечот против натпреварувачот од Нов Зеланд, Дејвид Ника се обиде да му го одгризе увото на ривалот.

Тој беше изнервиран затоа што се најде во тешка ситуација за време на борбата.

Овој момент потсетува на легендарната борба во 1997 година кога Мајк Тајсон одгриза дел од увото на Ивандер Холифилд.

Бала не успеа во неговата намера, иако противникот беше свесен за непријатната ситуација. На крајот Ника победи со одлука на судиите, а Мароканецот не беше суспендиран во текот на мечот поради овој потег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот