ВИДЕО: Скандал на Игрите во Токио, боксер после поразот не сакаше да го напушти рингот

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Францускиот олимписки боксер Мурад Алиев беше дисквалификуван од турнирот во Токио, бидејќи го удри противникот со глава.

Судијата оцени дека намерно го удрил Британецот со глава, по што веднаш беше прекинат мечот и го испрати Фрејзер Кларк во полуфиналето во супертешка категорија на олимпискиот турнир во бокс.

Алиев остана без медал, но не можеше да се помири со тоа. Тој прво влезе во лицето на судијата и извика:

„Јас победив, јас! – беа зборовите на Алиев.

Потоа седна на подот и седеше таму половина час одбивајќи да се помрдне. Потоа, се смири и се согласи да ја напушти арената дури откако разговараше со официјалните лица, но по 15 минути се врати и продолжи да предизвикува хаос.

Неговиот противник се солидаризираше, но му рече дека не треба да прави такви глупости бидејќи неговата кариера допрва започнува.

Легенди на Олимписки игри: Феликс Савон – Миленикот на Кастро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот