ВИДЕО: Сити и Реал поблиску до четвртфиналето во ЛШ

epa09034775 Gabriel Jesus of Manchester City (C) in action during the UEFA Champions League round of 16, first leg, soccer match between Borussia Moenchengladbach and Manchester City at Puskas Ferenc Arena in Budapest, Hungary, 24 February 2021. EPA-EFE/Zsolt Szigetvary HUNGARY OUT

Манчестер сити со 2:0 славеше во Будимпешта против Борусија Менхенгладбах, додека Реал Мадрид на гости кај Аталанта славеше со минимални 0:1.
Манчестер сити рутински ја совлада Борусија и дојде до 19. победа по ред во сите натпреварувањата, а воедно и со едната нога веќе е во четвртфиналето.


Иако не брилјираа, „граѓаните“ доминираа на од првата до последната минута и на противникот му дозволија само еден шут кон сопствениот гол, додека тие ги искористија своите две шанси. Првиот гол го постигна Бернардо Силва во 29. минута, додека вториот гол беше дело на Габриел Жесус.


Фудбалерите на Реал Мадрид дури во последните минути ја искористија предноста од играч повеќе по исклучувањето на Ремо Фројлер во 17. минута. Домашниот тим умешно ги одбиваше сите налети на „кралевите“, но капитулира во 86. минута кога Ферлан Менди со одличен шут од 20-тина метри го совлада Пјерлуиџи Голини.
Реванш натпреварите се закажани за 16. март во Манчестер односно Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот