ВИДЕО: Сите на плоштад, да го пречекаме олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски

На теквондо турнирот „Скопје Опен 2022“ ќе учествуваат седум држави/Фото: Македонски олимписки комитет

Тренерот на Дејан Георгиевски, Дарко Костовски го најавува доаѓањето на олимпискиот вицешампион во таеквондо за в четврток (29 јули) во 19.30 часот, а истата информација ја споделува и Македонската Таеквондо Федерација.

– Утре четврток 19.30 часот, сите на плоштад, до Порта Македонија. Кој сака може да дојде и на аеродром утре четврток во 14.30 часот.

Ве чекаме сите што бевте со нас и што навивавте!!! Да го споделиме сите ова видео да дознаат сите луѓе во Македонија!!! За Македонија – напиша Д. Костовски.

– Тренерите на Георгиевски се откажуваат од премијата доделена од Владата

Денеска Владата парично го награди историскиот успех на Георгиевски на Олимписките игри за таеквондистот и тренерите.

– Владата доделила 20.000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10.000 евра за тренерите.

Мојот брат Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост!

За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ)! ЗА МАКЕДОНИЈА ! – објави Д. Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот