ВИДЕО: Сите им се смеат, јутјубер со еден удар нокаутира поранешен УФЦ борец

Принтскрин/јутјуб

Неполни две минути траеше бокс мечот помеѓу јутјуберот Џејк Пол и поранешниот УФЦ борец, Бен Аскрен.
Како победник излезе јутјуберот Пол, но многумина се сомневаат во регуларноста на мечот. Поточно, тврдат дека Аскрен бил „добро платен“ да падне театрално за да може јутјуберот да си ги оствари своите боксерски соништа.  Иако Аксрен даде знак дека не се наоѓа во нокдаун сепак судијата го прекина мечот.

Џејк Пол во претходната борба го нокаутира поранешниот НБА кошаркар, Нејт Робенсон, а по побеата над Аксрен заработи 690.000 долари. Поранешниот ММА борец пак доби половина милион долари, а по мечот се најде на удар на социјалните мрежи каде фановите тераа мајтап со него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот