ВИДЕО: Сите голови на Гранде Пандев во Серија А

Горан Пандев седум години го носеше дресот на Џенова/Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, завчера постави неверојатен рекорд, дојде до бројката од 100 голови во италијанската Серија А и стана првиот фудбалер од просторите од поранешната СФР Југославија кој дошол до оваа бројка.

Пандев во ремито на Џенова со Беневенто (2:2) го постигна двата гола за својот тим и уште еднаш ја покажа својата класа.

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Горан Пандев во 2001 година ја започна својата одисеја во Италија кога од Беласица заедно со Аце Стојков како младинци во пакет беа купени од Интер и веднаш беа пратени на  калење во Специја. Потоа Пандев играше и за Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова и на 468 натпревари со една од најсилните лиги на светот успеа да дојде до бројката од 100 постигнати голови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот