ВИДЕО | Сирени се слушаат низ Лавов, луѓето брзаат да се засолнат

Сирените за предупредување од воздушен напад се огласија во украинскиот град Лавов. Репортерката на „Слободен печат“ Кристина Атовска успеа да го сними овој момент. Сите се упатија да се спуштат во засолништата за да се сокријат.
Инфраструктурата е забранета за снимање.
Иако има тревога и сите треба да одат под земја, сепак двајца музичари одлучија да не бегаат, туку да останат и понатаму да свират на своето пијано.
Тревога за воздушен напад имаше и утринава.
„Тревога! Тревога! Одете на сигурно. Не ги заборавајте децата и вашите докумнети“, се слушна на разгласот кој одекнуваше низ градот.
Видео на денот