ВИДЕО | Синот на Леброн Џејмс со одличен настап им одговори на критичарите

Фото: EPA-EFE/RYAN SUN SHUTTERSTOCK OUT

Синот на славниот Леброн Џејмс изминатото лето беше избран како 55. пик на драфтот во НБА лигата, но во Лејкерс не успеа да се наметне и брзо беше испратен во развојната лига.

Во овој момент Брони настапува во редовите на Саут Беј Лејкерс и покажува дека сепак има одреден квалитет.

Сега на критичарите им одговори со одличен настап против Вали Санс, кој е развоен тим на Феникс.

На теренот Брони помина 25 минути во кои постигна 30 поени, а дополни уште три скока, две асистенции, една блокада и една украдена топка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот