Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

ВИДЕО | Синер издоминира против Шелтон: Италијанецот ќе ја брани титулата во финалето

Италијанскиот тенисер Јаник Синер без поголеми проблеми успеа да се пласира во финалето на Австралија Опен каде што ќе игра против Александар Зверев.

Првиот светски тенисер денеска го совлада Американецот, Бен Шелтон со 3-0 во сетови (7-6, 6-2, 6-2) за два часа и 38 минути игра. Шелтон до брејк дојде на стартот од натпреварот, но Синер веќе во четвртиот возврати и изедначи. Во продолжение од сетот се водеше голема борба, па истиот се решаваше во тај-брејк кадеш то Италијанецот беше подобар со 7:2.

По првиот сет Шелтон целосно падна, Синер направи брејк во вториот и поведе со 4:0. Американецот успеа да освои два врзани гема, но потоа Синер на свој сервис дојде до тро три сет топки и првата ја искористи за 6:2 и 2:0 во сетови.

Слична беше ситуацијата и во третиот сет, Шелтон нешто подобро стартуваше, меѓутоа не издржа долго.

За Синер ова ќе биде трето грен-слем финале и второ на Австралија Опен каде што ја брани освоената титула минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот