ВИДЕО | Синер елиминиран од Вимблдон: Медведев славеше во голема борба по пет сета

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Рускиот тенисер, Данил Медевев по голема борба во пет сета го совлада Јаник Синер во четвртфиналето на Вимблдон.

Тешко е накратко да се објасни овој спектакл кој беше решен по скоро четири часа игра 6:7 (7), 6:4, 7:6 (4), 2:6, 6:3.

Синер имаше водство, потоа Медведев заигра подобро, тоа се поклопи и со физичките проблеми на Италијанецот кој не се предаваше и по голема борба го одведе мечот во петтиот одлучувачки сет.

Италијанскиот ас имаше проблеми, едвај дишеше, а последната шанса да се врати во мечот ја пропушти во маратонскиот петти гем кога Медведев го одби налетот и на крајот го приведе мечот кон крајот.

Со овој триумф рускиот тенисер му се реваншираше на Синер за поразот во финалето на Австралија опен. Следен противник на Вимблдон на Медведев ќе му биде подобриот од мечот помеѓу Алкараз и Томи Пол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот