ВИДЕО: Симпатизери на ДУИ со пукање ги поздравија Груби и Меџити во Чаир

Пукање на предизборен собир на ДУИ во Чаир / фото: Плусинфо/принтскрин

Изборниот штаб на Демократската унија за интеграција во Чаир вчеравечер беше отворен со овации и аплаузи, но и со пукање од пиштол, кога пред присутните се појави потпретседателот на партијата и поранешен градоначалник на скопската општина, актуелниот пратеник Изет Меџити.

На снимката, која ја објави Плусинфо, се гледа како Меџити го започнува својот говор, поздравен од партиските членови, а тој веднаш е прекинат од десетина последователни истрели од пиштол. Во позадина се гледа и човекот кој пука во воздух, додека Меџити му сигнализира да запре со стрелбата.

На отворањето на штабот во Чаир се обратија и првиот вицепремиер Артан Груби и актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат во Чаир, Висар Ганиу. Членовите и симпатизерите на ДУИ досега повеќепати ги славеа изборните резултати со истрели од огнено оружје, а последен таков случај за кој дозна јавноста беше минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот