ВИДЕО | Симоновски од Здружението „Музика сега“: Немаме никаков ангажман и сведени сме на нула денари

Скопје, 01 март 2021 / Фото: Драган Митрески - Слободен Печат.

Здружението ЗУПМ – Музика Сега, информираат дека имаат свои барања до Владата, бидејќи, како што посочуваат – музичарите се наоѓаат во крајно лоша и незавидна состојба поради актуелната забрана за настапи.

-Со оглед на тоа што ние како фела, никако не може да се пронајдеме и не припаѓаме во 5-от пакет мерки (точка 11) и сме една од најпогодените гранки во државава, имаме забрана за дејност веќе безмалку 12 месеци и само една еднократна финансиска помош од 43.000 денари која беше доделена во декември, бараме од Владата да не обештети со сума еквивалентна на претходната дадена помош најдоцна до крајот на месецот март оваа година.

-Ова наше барање не е некаков „хир”, туку реална надокнада, за што побезболно да ги покриеме основните режиски трошоци кои се за нас од основно егзистенцијално значење – наведуваат од ЗУМП.

-Доведени сме во ситуација да не знаеме што да им одговориме на нашите членови кои се желни за информација и помош. За разлика од другите струки ние де факто сме индустрија која е 100% застаната. Немаме никаков ангажман и сведени сме на нула денари, изјави во Утрински брифинг Трајко Симоновски, претседател на Здружението „Музика сега“.

Се обидуваме цело време да дојдеме да разговараме за нашите барања, но се уште не сме стигнале до релевантните луѓе и мораме да преземеме нешто во наши раце. Со оглед на тоа дека фактичката ситуација не ни оди во прилог, ни останува да бараме финансиска помош. Сите сме ние работоспособни и можеме да ги земеме инструментите во раце. Нека ни дозволат да заработуваме, да можеме да им донесеме на фамилиите лкеб и нема да има никаков проблем, вели Симоновски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот