ВИДЕО: Симеоне го „прегази“ Лацио, Несторовски од клупата го гледаше Удинезе

Три натпревари од деветтото коло во најсилното италијанско првенство, Илија Несторовски се опорави од повредата и повторно е во составот на Удинезе.
Денеска македонскиот напаѓач Несторовски беше помеѓу повиканите за мечот против Аталанта, но не доби шанса од тренерот Готи.
Дуелот во Бергамо заврши нерешено (1:1), домаќинот водеше од 56 минута со голот на Малиновски, а израмнија гостите во самиот финиш од средбата преку Бето (90+3`).
Тимот од Удине веќе подолг период нема победа во Серија А сезонава, моментно е на 14 позиција со 10 бодови.
Фиорентина со 3:0 го совлада Каљари со погодоците на Бираги, Гонзалез и Влаховиќ, а Џовани Симеоне имаше фантастична партија во дресот на Верона.
Аргентинецот ги постигна сите четири голови во триумфот над Лацио (4:1). Стрелец на единствениот гол за римските „небесно-сини“ беше Имобиле на стартот од второто полувреме после асистенцијата на Милинковиќ-Савиќ.