ВИДЕО: Силно невреме ја погоди Франција, над 75 илјади луѓе останаа без струја

Бурата Жерард во Франција/ Фото Lou BENOIST / AFP / Profimedia

Невреме и бури го погодија западниот дел на Франција, а без струја претпладнево останаа 75.000 корисници на компанијата Енедис, која ги снабдува домаќинствата со електрична енергија, соопштија денеска претставници на оваа компанија.

Во 20 француски региони на север и запад од земјата и околу Париз е прогласен портокалов метео аларм, што е второ највисоко ниво на предупредување.

Француски „Фигаро” јавува дека во некои делови на Нормандија сообраќајот е отежнат поради паднатите дрвја на патиштата, пред сè на железничките шини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот