ВИДЕО: Силно невреме ја погоди Далмација, молња запали куќа на Хвар

Невреме на хрватскиот остров Хвар / 14 ноември 2021 / фото: Јутјуб/принтскрин

Невреме со силен ветер, дожд и грмотевици денеска погоди дел од јадранскиот брег на Хрватска, а најголеми штети се предизвикани на островот Хвар, каде удар на гром предизвика пожар во куќа, јавуваат медиумите.

Дождот за кусо време направил вистинска река по улиците на најголемата населба на Хвар, а предизвикала и одрони на повеќе места на островот. Поплавени се повеќе објекти.

Поради невремето, морето добило кафеава боја, пишува „Слободна Далмација“. За само еден час, на Хвар паднале 90 литра дожд на квадратен метар, што е повеќе од просечното количество врнежи за цел месец ноември.

„Имаме доста проблеми со дождот, гаражите ни пливаат, сѐ е полно со вода“, изјави командантот на Доброволниот противпожарен одред на Хвар, Никола Шкаре.

Честите електрични празнења предизвикале штета на многу електрични апарати во домаќинствата, а голем дел од островот попладнево е без телефонски сигнал, јавуваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот