ВИДЕО: Силно невреме го потопи Сплит, дожд наврна денеска колку за цел август

Силно невреме во Сплит/ Фото: Screenshot/YouTube

Попладнево по 14.30 часот силно невреме проследено со обилни врнежи го погоди Сплит, Каштела, Солин и дел од Постране. Медиумите јавуваат дека за помалку од половина час во Сплит наврнале 33 литри дожд на метар квадратен, а во Каштела паднале 28, во Солин 23 л/м2.

Еден час по почетокот на невремето, во Сплит наврнале дури 45 литри дожд на метар квадратен, што е далеку над просекот за август, кога во овој град за цел месец паѓаат околу 38 литри по м2, што значи дека доволен е само еден дожд за да се достигне месечниот просек.

Обилниот дожд за кратко време во Сплит предизвика излевање на шахтите и поплави низ улиците на градот.

Поради дождот, значително паднале и температурите, па во 15 часот во сплит се измерени само 19 степени. Невремето потоа се поместило кон југоисток. Денешните врнежи се само најава за утрешниот ден, кога се очекува во цела Хрватска да падне обилен дожд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот