ВИДЕО | Силно невреме ги зафати Италија и Австрија: Уништени се куќи и автомобили, а има и повредени

Фото: Твитер

На северот од Италија денеска беснеше невреме, што попладнево се разви во пороен дожд и град, наведоа италијанските медиуми.

Во текот на попладнево дојде до развој на суперќелии со уништувачка моќ,  а најлошо беше во околината на Парма, каде паѓаа големи парчиња мраз, што предизвика огромна материјална штета.

Поради мноштвото уништени и оштетени автомобили, автопатот од Парма кон Пјаченца неколку часа беше блокиран, јавија италијанските медиуми.

Австриските медиуми јавуваат и дека две покраини, Горна и Долна Австрија, вчера вечерта исто така биле зафатени од силно невреме. Град со големина на тениски топчиња уништил повеќе од 120 покриви на куќи во градот Кремс.

Повеќе автомобили се оштетени, а медиумите јавуваат и дека неколку луѓе се полесно повредени. Поплавени се бројни гаражи и подруми, срушени се дрвја а делови од земјата останале без струја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот