ВИДЕО | Силна експлозија во фабрика за оружје во Белград, загинаа двајца работници

Експлозија во фабрика кај Белград/ Фото: Твитер

Силна експлозија одекна околу 14 часот во Бубањ Поток, а густ чад лебди над таа приградска белградска населба. „Вечерни Новости” објавија дека две лица го загубиле животот, додека 16 се повредени. Според „Телеграф”, во експлозијата во фабриката има загинати, а едно работник кој бил заробен пожарникарите успеале да го извлечат, јави дописникот на МИА од Белград.

Експлозија се случила во магацинот на фабрика во населбата Лештане во Белград, на површина од 260 квадрати, каде се наоѓале 500 ракети со 30 килограми експлозив.

„Нова.рс” јавува дека несреќата се случила во компанијата „Еде про” во Лештане, која произведува делови за ракети, ракетни турбо мотори и гориво, а во моментот на експлозијата во фабриката имало работници. Во Ургентниот центар во Белград се примени две лица, во тек е дијагностика, потврдија за Н1.

Во тој дел на Белград почувствувани се силни детонации.

Веднаш по експлозијата испратени се 11 возила со 36 пожарникари, а потоа и засилување, изјавија за РТС од МВР.

Како што дознава „Нова.рс” од жителите на приградската населба Лештане, експлозијата била силна, а на некои граѓани искршени им се прозорците.

На видео објавено на Твитер се гледаат автомобили како горат во близина на фабриката.

Извор: МИА

Видео на денот