ВИДЕО: Силна експлозија во центарот на Мадрид, најмалку 17 повредени

Експлозија во Мадрид/Фото Pierre-Philippe MARCOU / AFP / Profimedia

Најмалку 17 лица се повредени, од кои повеќето лесни повреди, во силна експлозија што потресе четирикатница која се реновира во центарот на Мадрид, соопштија шпанските власти, а спасувачките тимови трагаат по луѓе кои се потенцијално заробени во урнатините, пишува Ројтерс.

Четири лица се пренесени во болница, од кои едно е во тешка состојба, изјави градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, додавајќи дека причината се уште не е јасна. „Се правеа некакви работи во зградата“ во луксузната населба Саламанка каде што се случи експлозијата, рече тој.

„Пожарникарите се внатре и ја проверуваат структурата на зградата и да утврдат дали може да има повеќе луѓе“, изјави тој за ТВ каналот Телемадрид.

Портпаролката на службата за итни случаи, Гема Мартин, рече дека училиштето спроти зградата не е оштетено и дека нема потреба да се евакуираат децата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот