ВИДЕО | Силен земјотрес во Еквадор, луѓето панично бегаат

Фото: Скриншот/Твитер

Силен земјотрес од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Еквадор, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Како што објави „Си-ен-ен“, најмалку четири лица загинаа, голем број згради се оштетени, а жителите во паника излегоа на улиците.

На видеата кои се објавуваат на социјалните медиуми се гледа како луѓето во паника трчаат по улиците веднаш по силниот земјотрес што го погоди јужноамериканскиот брег. Исто така, се појавија и видеа на кои се гледаат срушени делови од згради и уништени автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот