ВИДЕО: Силен земјотрес го стресе Задар, проверија сѐ – нема штети

Силен потрес денеска во 14.15 часот го погоди поширокото подрачје на Задарска жупанија и не предизвика човечки жртви, ниту поголема материјална штета, но ги вознемири жителите на поголемиот дел од Жупанијата кои во текот на денот ги повикуваат надлежните служби, јавува ХРТ.

Задарскиот жупан Божидар Лонгин истакнува дека тоа е заклучок од состанокот одржан попладнево во Стариград, недалеку од епицентарот на потресот.

Потресот со магнитуда од 4,7 степени по Рихтер го погоди подрачјето кај Пакленица, седум километри северно од Стариград во Задарската жупанија точно во 14.15 часот.

– Според звукот и татнежот на потресот некако претпоставив дека би можел да биде во западниот дел од жупанијата. Веднаш го повикав началникот Рамиќ, но тој не можел да се јави зошто бил во епицентарот на потресот во Националниот парк Пакленица. Сите наши служби веднаш реагираа и сега се подготвени во случај на интервенција. Веднаш ми се јави и премиерот Андреј Пленковиќ кој се распрашуваше за таа ситуација, а до вечерва се слушнавме четири пати, зошто секој пат при обиколка на некои места го известував за секој детаљ,  изјави жупанот Лонгин.

Колку што знаеме, додаде тој потресот бил на длабочина од 10 километри и тоа го ублажило тресењето на тлото. Лонгин истакнува дека нема место за паника и дека сите служби се подготвени ако треба да реагираат. 

-Го разгледавме водоводот, електромрежата, сите јавни установи, црквите, гробиштата и штета нема, рече Лонгин.

Сепак земјотресот предизвика паника меѓу граѓаните и голем дел од нив попладнево излегле на улиците, јавува ХТВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот