ВИДЕО: Силен земјотрес го погоди Авганистан, најмалку 12 мртви

Фото Twitter TOLO News

Најмалку 12 лица загинаа во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди Авганистан.

Жртвите загинале при уривање на покривите на нивните куќи во округот Кадиз во западната провинција Бадгис, информира регионалниот гувернер Мохамед Салех Пурдел.

Земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Авганистан во 11:40 часот по Гринич. Епицентарот се наоѓал на 40 километри источно од Кала-е-Нау, главниот град на авганистанската провинција Багдис и 141 километри североисточно од Херат, на длабочина од 10 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот