ВИДЕО | Си сакаат Балкан : Кортни Кардашијан, Тревис и нејзината ќерка играат на босанска турбофолк песна

кардашијан босанска
Фото: Принтскрин / TikTok

Кортни Кардашијан, Тревис Баркер и нејзината ќерка Пенелопе снимија видео на „ТикТок“ користејќи музика од турбофолк песна на пејачот Фазлија од Босна и Херцеговина.

Песната „Хеликоптер“ е инспирација за корисниците на „ТикТок“ ширум светот и стана дел од трендот во кој луѓето се вртат во круг, забрзуваат, забавуваат.

Во саботата, Кортни и нејзината ќерка објавија ново видео на нивниот заеднички профил на социјалната мрежа „ТикТок“, а им се придружи и свршеникот на Кардашијан, Тревис Баркер. Во видеото тројцата се вртаат во круг играјќи на песната на „Хеликоптер“.

@pandkourt♬ Helikopter – Fazlija

Профилот на Кардашијан и Пенелопе на „ТикТок“, наречен @pandkourt, содржи неколку видеа кои го прикажуваат раскошниот начин на живот на Пенелопе – вклучително и видеа како таа лета со приватен авион, се грижи за секојдневната нега на кожата и се пакува за одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот