ВИДЕО: Швајцарија одобри капсула за евтаназија – убива брзо и безболно

Фото: Јутјуб/принтскрин

Евтаназијата или потпомогнато самоубиство е легално под одредени строги услови во Швајцарија, а компанија од земјата вчера ѝ беше одобрена специјална капсула, наречена „Сарко“ (скратено од саркофаг), која ги поминала правните проверки, јавуваат медиумите. Сепак, најавата за промоцијата на капсулата наиде и на бројни критики во земјата.

Футуристичката капсула, која им овозможува на оние во неа да си ги одземат животите „брзо и безболно“, ги поминала правните тестови во Швајцарија, тврдат нејзините креатори. „Сарко“ може да се ракува и одвнатре, дури и само со трепкање, доколку лицето е неподвижно.

Процесот на умирање во машината „Сарко“ трае помалку од една минута, а смртта настанува преку хипоксија и хипокапнија, откако комората ќе се „поплави“ со азот, односно ќе го намали нивото на кислород под критичното ниво. Идејата е да се овозможи безболно потпомогнато самоубиство.

Услугите на швајцарските организации за евтаназија „Дигнитас“ и „Егзит“ минатата година ги искористиле околу 1.300 луѓе. Двете компании користат течен барбитурат, кој за неколку минути предизвикува длабока кома, по што следи смрт.

Капсулата „Сарко“ е дизајнирана така што може да се однесе на локација по избор на корисникот, како што е идилично опкружување на отворено, а потоа биоразградливата капсула може да се одвои од основата и да се користи како ковчег. Др. Филип Ничке, познат по прекарот „Д-р Смрт“, се соочи со критики од противниците на евтаназијата, делумно поради методот што го користеа.

Видео на денот