ВИДЕО | Шурбе: Програмата на 21. ОФФ Фест е лепеза на интересни и возбудливи музички примери од целиот свет

Костадин Шурбановски Шурбе
Костадин Шурбановски Шурбе/Фото: Слободен печат

На први јуни стартува 21. издание на ОФФ-Фест 2022 ќе се одржува во Националната опера и балет и во МКЦ. Влезниците се пуштени во продажба и може да се купат и онлајн и на билетарниците.

– Се враќаме по две годишно изместување од редовниот термин поради пандемијата и некои други причини. Артистите се супер. Од Мали, Бразил, Колумбија, Италија, Гана, Кабо Верде. Имаме егзотични артисти и ОФФ Фест е секогаш освежување на оние што сакаат да слушнат нешто поинакво, од другите земји и тоа да го доживеат на вистинскиот начин во живо на концерт. Карактеристично овој пат е и документарниот филм кој зборува за конгоанската румба којшто доби и многу признанија, а ексклузитивитет е лауреатот на фестивалот од Мали, вели Костадин Шурбановски Шурбе.

На први јуни ОФФ Фест стартува со македонска вечер на која ќе настапи извонредниот македонски етно состав Перија, како и маестралниот тандем Добрила&Дориан дуо, со домашна концертна премиера на музичкото ремек-дело, албумот „Апокриф“.

Втората вечер публиката може да ужива во звуците на африканска кора преку мајсторството на Балаке Сисоко од Мали, а потоа и настапот на гитаристот и композитор Лукас Сантана, еден од клучните и најжешки актери на бразилскиот нов бран.

Третата фестивалска вечер (3 јуни) е резервирана за електро-психоделичниот музички огномет на колумбиските тропски велемајстори Лос пиранас. На овој настап ќе му претходи прикажувањето на ланската сензација – документарниот филм “The Rumba Kings”, посветен на конгоанската румба.

Последната вечер од фестивалот на 4 јуни, настапува италијанската пејачка Мариа Мацота, потоа Ненси Виера од Капо Верде и колективот Сантрофи од Гана.

– Програмата е конципирана да биде пошарена и опфаќа повеќе континети, земји и жанрови, лепеза на интересни и возбудливи музички примери од целиот свет. Постерот е дело на нашиот еминентен дизајнер Зоран Кардула. Идејата е да презенитраме музика која луѓето не ја слушнале кај нас досега. Сакаме да ја изненадиме публиките Сакаме во Скопје да донесеме артистит кои во светот се познати и признаени но кај нас од добропознати причини ретко може да се пробие таа музика и затоа ние сме тука, вели Шурбановски во гостувањето во Утрински брифинг.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот