ВИДЕО: Штутгарт и Чурлинов стартуваа со „петарда“ во Бундеслигата

Стартуваа возбудувањата во најсилниот германски шампионат/Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во рамките од првото коло во најсилното германско првенство на домашен терен составот на Штутгарт убедливо славеше над Гројтер Фурт со 5:1.

Кај домаќините на клупата за резервни играчи беше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, но не доби минутажа.

После првото полувреме водеше Штутгарт со головите на Ендо и Клемент, во 55 минута зголеми Кемф, а во 61 минута за 4:0 се погрижи Ал Гадиуи.

Кемф во 76 минута по вторпат се запишува во листата на стрелците, а гостите го ублажија поразот во финишот преку Левелинг (90+3`).

Во другите натпревари: Арминија Билефилд-Фрајбург 0:0, Аугсбург-Хофенхајм 0:4, Унион Берлин-Баер Леверкузен 1:1 и Волфсбург-Бохум 1:0. Од 18.30 часот ќе играат Борусија Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот