ВИДЕО: Штрајк на лекарите во Шпанија

Голем број лекари во Шпанија денеска започнаа штрајк, првпат во последните 25 години, барајќи поголемо признание за нивната исцрпувачка работа за време на шестмесечната борба со коронавирусот.

Според синдикатот ЦЕСМ, денеска во штрајкот учествуваа 85 проценти од 267.000 здравствени работници.

Владата денеска најави дека буџетот за јавно здравје ќе се зголеми за цели 151 процент, односно за три милијарди евра, од кои 2,4 милијарди од ЕУ, за набавка на вакцини и зајакнување на јавната мрежа на лекари по општа медицина.


Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот