ВИДЕО: Што се случува со Вернер, прво со Македонија, а сега и против Реал!

Вернер е меѓу најдоброплатените фудбалери на светот/ фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Тимо Вернер повторно ќе налета на нови критики поради неговите нереализирани шанси од одлична позиција, овојпат тоа му се случи и во полуфиналето во Лигата на шампионите со неговиот Челси против Реал.

Се сеќаваме како се посрамоти на квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство во Дуизбург со германската репрезентација против Македонија кога не ја закачи најдобро топката.

Сега успеа да ја удри целата топка, но изненадувачки наместо рутинска завршница играчот вреден 65 милиони евра ги разочара сега фановите на Челси.

Во 10 минута можеше да се прослави во Мадрид и го доближи клубот до големото финале во ЛШ, една убава топка дојде до Германецот на петерецот, но Куртоа го одбрани неговиот удар.

Погледнете на видео записот како сето тоа изгледаше, а воедно и да се потсетиме на неверојатната утка против нашата репрезентација:

Марсело: Смирени сме, веруваме, во Лондон ќе се бориме до крај!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот