ВИДЕО: Што се случува со шампионот, Лејкерси запрени на само 89 поени!
Доцна синоќа во НБА лигата Јута го совлада Лос Анџелес Лејкерс со резултат 114:89 за вкупно петти пораз на актуелните шампиони во последните шест натпревари.
„Џезерите“ беа предводени од Руди Гобер со 18 поени (девет скока) и Џордан Кларксон кој запиша 19 поени. На спротивната страна Леброн Џејмс беше најефикасен со 19 поени.
Јута остана екипата со најдобар учинок во лигата од 26 победи и шест порази, а Лејкерси кои го претрпеа четвртиот пораз во низа имаат скор од 22-11.
Голден Стејт беше подобар од Индијана (111:107) и ја забележа втората победа по ред, Стеф Кари се истакна како прв стрелец со 24 поени (по осум скока и асистенции), а ист број на коша имаше и Малколм Брогдон кај Пејсерси.
НБА, резултати:
Атланта – Бостон 127:112
Кливленд – Хјустон 112:96
Индијана – Голден Стејт 107:111
Чикаго – Минесота 133:126 (по 1 продолжение)
Мајами – Торонто 116:108
Њу Орлеанс – Детроит 128:118
Оклахома – Сан Антонио 102:99
Феникс – Шарлот 121:124
Јута – ЛА Лејкерс 114:89