ВИДЕО: Што се случува со Куман, повторно среде прес конференција му тече крв од носот

Куман имаше интервју за холандските медиуми кои предизвика лавина реакции/Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Шпанските медиуми се загрижени за здравствената состојба на тренерот на Барселона, Роналд Куман, на кого не му е прв пат да му се случува среде прес конференција да му тече крв носот.

Куман денеска пред медиумите го најави утрешното дерби во 25. коло во Ла Лига против Севиља и требаше да одговара на прашањата на новинарите, но прес конференцијата е прекината поради здравствени проблеми на Холанѓанецот.

Имено, Куман има проблеми со срцето и поради тоа пие лекови за разредување на крвта поради што повремено му тече крв од носот. Токму тоа му се случи на денешната прес конференција поради што мораше да си замине предвреме.

Шпанските медиуми се загрижени за здравствената состојба на тренерот на Барселона, Роналд Куман, но дознаа дека ова не му е прв пат да му се случува во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот