ВИДЕО: Што се случи со последниот тим на Јунајтед кој успеа да го освои „Енфилд“?

Вејн Руни е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед/Фото: EPA/PETER POWELL

Денеска од 17.30 часот на стадионот „Енфилд“ ќе се игра дербито од 19 коло во Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, дуел кој секогаш привлекува внимание.

„Црвените ѓаволи“ кои сега подолг период не знаат за пораз, се моментно водечки на табелата со 36 бодови, три повеќе од актуелниот шампион Ливерпул на третата позиција, а помеѓу нив е Лестер (35) кој вчера го совлада Саутемптон.

Последен пат Манчестер јунајтед успеа да слави на гостување кај Ливерпул во 2016 година со голот на Вејн Руни кој во изминатиот период одлучи да стави крај на професионалната играчка кариера и сега само ја води функцијата менаџер на Дерби.

Крај за момчето од Ливерпул кое стана легенда на Манчестер јунајтед, Вејн Руни ја заврши кариерата

Луј Ван Гал беше последниот менаџер кој успеа да го освои „Енфилд“, а интересен е и податокот кој вели дека Јирген Клоп никогаш досега не триумфирал на „Олд Трафорд“.

Но, да се вратиме на таа последна победа на Јунајтед против Ливерпул остварена на 17 јануари 2016 година, три бода освоени благодарение на екс англискиот репрезентативец Руни.

Што се случи со тој тим кој го освои „Енфилд“?

Давид де Геа остана прва голманска опција, потпиша договор во септември 2019 кој го задржува до 2023 година.

Матео Дармијан едвај имаше минутажа кај Солскјер, се пресели во Парма и сега е на позајмица во Интер.

Крис Смолинг беше важен играч кај Мурињо, ја продолжи кариерата во Рома за 15 милиони евра.

Дејли Блинд во сезоната 2016/2017 беше прва опција на позицијата централен бек, но кратко потоа го загуби местото. Во јули 2018 година за 16 милиони евра се врати во Ајакс кој му помогна да стигне до полуфинале во ЛШ во 2019 година.

Ешли Јанг, Ван Гал добиваше критики (пред да добие отказ) што овој играч имаше улога во нападот. Кај Мурињо беше регуларен како лев бек, беше и капитен во август 2019 година. Но, сакаше нов предизвик и во јануари 2020 му се придружи на Интер.

Морган Шнајдерлин, доста се мачеше со добивање минутажа поради конкуренцијата во средниот ред и беше продаден на Евертон за 20 милиони фунти, а потоа направи трансфер во француската Ница.

Андер Ерера, човек на мечот во финалето на Лига Европа во 2019 година, си замина во летото 2019, чувствувајќи се потценето во клубот, по што одлучи да се пресели во ПСЖ и ја освои титулата во „Лига 1“ во првата сезона.

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Маруан Фелаини, после шестгодишна авантура во февруари 2019 година го облече дресот на кинескиот Шендонг Луненг.

-Џеси Лингард, остана во клубот, иако се шпекулира дека можно е наскоро да си замине, интерес покажува Шефилд јунајтед. Се активираше клаузулата во неговиот договор кој го врзува до 2022.

Ентони Марсијал, клучен играч и е прва опција на Солскјер, ја доби довербата со одлични игри постигнувајќи голови минатата година.

Замени –

Серхио Ромеро: Сеуште во клубот, му истекува договорот наредното лето и сака да си замине.
Андрес Перејра: Сеуште во клубот, на позајмица во Лацио до крајот на сезоната.
Хуан Мата: Сеуште во клубот, останува важен член во соблекувалната на Солскјер.
Камерон Бортвик-Џексон: Како слободен играч си замина во август 2020. Настапува за Олдам Атлетик.
Мемфис Депај: Моментно игра за Лион и често се поврзува со трансфер во Барселона.
Гиљермо Варела: На позајмица во Динамо Москва од ФК Копенхаген.
Педи МекНер: Ги брани боите на Милдсбро во Чемпионшип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот