ВИДЕО: Што направи човеку – ова е најсмешниот автогол во историјата на фудбалот!

Фото: Принтскрин/Твитер

Целиот фудбалски свет е насочен кон Европското првенство и настаните низ Стариот континент, но се следат и настаните на другите делови на светот.

На натпреварот помеѓу репрезентациите на Канада и Хаити, се случи еден неверојатен автогол каков што ретко сме имале можност да видиме претходно!

Канада славеше 3:0 во квалификациите за Светското првенство, но она што го направи голманот на Хаити на самиот почеток од второто полувреме насмеа многу љубители на фудбалот.

Хосу Дувергер доби една повратна топка кон својот гол, но не реагираше најдобро. Помина топката еднаш низ неговите нозе, а потоа во намерата да ја отстрани опасноста, повторно беше невнимателен, и не можеше да поверува што се случи.

На видео записот можете да ја погледнете оваа комична ситуација:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот