ВИДЕО: Што ли утна Сеферовиќ – имаше прекрасна шанса да ја урне Барса на „Камп Ноу“!

Швајцарецот Харис Сеферовиќ можеше да биде херојот на португалската Бенфика на мечот со Барселона/Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Во рамките од петтото коло во Лигата на шампионите во групата „Е“ без голови (0:0) на стадионот „Камп Ноу“ ремизираа екипите на Барселона и Бенфика.

Со овој бод Португалците остануваат во игра за второто место кое води во нокаут-фазата, моментно на табелата Баерн Минхен кој е прв со 15 максимални бодови, следува Барселона со седум, два повеќе од третопласираната Бенфика, а Динамо Киев кој има еден бод ќе остане на четвртата позиција.

После дуелот на „Камп Ноу“ ситуацијата на табелата можеше да биде различна, бидејќи во самиот финиш гостите имаа одлична шанса да реализираат и си заминат со голем триумф од ова гостување.

Швајцарскиот интернационалец Харис Сеферовиќ кој влезе во игра од 81 минута, во судиското надополнување (90+4`) го издрибла голманот Тер Штеген, у не му преостана ништо друго освен да ја испрати топката во мрежата, но изненадувачки шутираше покрај голот.

Ова промашување на Сеферовиќ може скапо да ја чини Бенфика пред одигрувањето на последното коло, во кое е домаќин на Динамо и е голем фаворит, а Барса гостува кај Баерн.

ВИДЕО: Челси со лекција за Јуве – цела група „Г“ во игра за осминафинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот