ВИДЕО: Што ли му рече премиерот Ковачевски на Кирил Петков со високо подигнат показалец?

Скриншот

На Самитот на кој учествуваат шефови на држави и влади на Европската Унија и од регионот на Западен Балкан ќе се разговара за пошироката Европа, Западен Балкан, Украина, апликациите за членство во ЕУ од Украина, Република Молдавија и Грузија, како и економските прашања и надворешните односи.

Камерата во салата во седиштето на ЕУ во Брисел каде се одржува на Самитот ЕУ- Западен Балкан, пред официјалниот почеток на состанокот ги „улови“ македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот премиер Кирил Петков како разговараат со подадени раце, но она што не можеше да помине незабележително, е високо подигнатиот показалец на Ковачевски, насочен кон Петков.

Погледнете ја снимката:

Рама, Ковачевски и Вучиќ вчера донесоа заедничка одлука да отпатуваат во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан и да го презентираат своето незадоволство од инертноста на Унијата во однос на почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија кои ги блокираше Бугарија.

Францускиот предлог станува европски ултиматум

Селфи на Рама и Ковачевски: Сè уште го чекаме Годо?

Ковачевски кажа под кои услови ќе биде прифатлив „францускиот предлог“

Борел и Мишел: Не можеме да продолжиме, затоа што една земја блокира, но Западен Балкан е приоритет за ЕУ

Борисов до Петков: Стави го францускиот предлог уште денеска на пленарна седница да го изгласаме

Малите владини партнери се против предлогот од Париз, ВМРО-ДПМНЕ повика на избори

ВИДЕО | Анализа: Ако први се изјасниме за францускиот предлог отвораме простор за нови барања од Бугарија

Видео на денот