ВИДЕО | Што да очекуваме денес во Катар: Хрватски „нокаут“ за Белгија, Германија ќе се моли на Шпанија

Хрватската фудбалка репрезентација на СП 2022/фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Екипата на Хрватска предводена од капитенот Лука Модриќ денеска во групата „Ф“ може да и го зададе последниот удар на репрезентазијата на Белгија и со тоа да заврши мундијалот за екипата на тренерот Роберто Мартинез. Овој натпревар ќе се одржи во исто време (16:00) и со дуелот меѓу веќе отпишаната Канада и изненадувањето на првенството, тимот на Мароко.

Во групата „Е“ Ханси Флик ќе се надева дека неговиот колега Луис Енрике ќе ја победи Јапонија и дека ќе и помогне на Германија – која мора да ја совлада Костарика – да се пласира во осминафиналето.

Овие два дуела ќе се одржат во 20 часот.

Вчерашното фијаско на натпреварите меѓу Саудиска Арабија – Мексико и Полска – Аргентина ќе останат запаметени како едни од најинтересните од овој мундијал. Во претходниот термин, екипата на Франција во еден комбиниран состав загуби од Тунис, пораз кој нема многу да му значи на тренерот Дешампс, бидејќи првото место во групата му беше веќе загарантирано.

Најголемо разочарување засега на мундијалот дефинитивно е екипата на Данска, која вчера беше елиминирана од Австралија со минимални 1:0.

Останува да видиме дали репрезентацијата на Белгија ќе разочара како Данска, или ќе успеат да ја совладаат екипата на Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот