ВИДЕО | Штерјова: Предрасудите и табуата за канабисот да се тргнат на страна

Работната група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот, оформена откако се увиде потребата за координирање на повеќе процеси и иницијативи предложени од професионалните здруженија и граѓанските организации, денеска во Владата го одржа својот прв состанок.

На состанокот, како што информираа од Владата, била утврдена потребата да се дозволи, освен лекарите од јавното, и лекарите од приватното здравство да можат да препишуваат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да одгледува и користи канабис во форма која согласно неговата здравствена состојба најмногу му одговара. Исто така, беше постигната согласност за потребата да се прошири листата на специјалистичките гранки во кои канабисот може да се препорачува како лек, прашање кое треба да се регулира со прописи од областа на лековите.

Воедно беа презентирани и потврдени опсегот, мандатот, составот, начинот на работа, како и целите, начелата и основните идеи поврзани со регулацијата на производство и искористувањето на медицинските, социјалните и економските придобивки од билката канабис. Беа поздравени храброста, иницијативата и посветеноста на граѓанскиот сектор, на институциите и на бизнис секторот за подготовка на предлог измени и дополнувања на законските решенија со цел да се обезбеди депенализација и декриминализација на употребата на канабисот за лични потреби, како и да се отвори сеопфатна содржинска дискусија за можностите за легализација.

Во македонски контекст, овие измени и дополнувања опфаќаат интервенции согласно меѓународните пракси и тоа во Кривичниот законик, Законот за прекршоците, Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

-Оваа работна група ја состави Владата на Република Северна Македонија по иницијатива на неколку организации кои што се дел од неформалната иницијатива – Операција ослободување, која се занимава со декриминализација и легализација на канибисот во нашата земја. Ние пред месеци пративме барање за формирање на мултисекторска работна група која ќе вклучи експери од повеќе области, но и донесители на одлуки, кои што ќе седнат заедно на маса и ќе разговараат на оваа тема, изјави во Утрински брифинг Хајди Штерјова Симоновиќ, извршен директор на невладината ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

-Во јавноста циркулираат неколку изрази, но концептот на декриминализација не значи само бришење или менување на одредбите во Кривичните закони, тоа на некој начин претставува модел или концепт на политика на една држава која ќе подразбира освен тргање на репресивните мерки, воведување на здравствено-социјални и економски мерки што ќе олеснат легална достапност на возразните луѓе до канабисот, додаде Штерјова.

-Формално беше донесен заклучок дека ќе се направи проширување на работната група, бидејќи треба да се дополни групата со неколку челнови претставници од неколку други здруженија, на пример Здржение на психијатри, беше спомнато и Агенција за храна. Со задоволство можам да кажам дека за прв пат во Македонија заедно со донесителите на одлиуки, со сите екпсерти, сме собрани на едно место да може отворено и со приближени ставови да разговараме. Наша главна и примарна цел се интересите на граѓаните. Да имаат олеснет, легален, не скап, контролиран пристап за користење на канабисот. ОН го признаа медицинското дејство на канабисот. Меѓународните текови и во самите држави одат во позитвна насока, дека освен за медицинска употреба се дозволува легална употреба на канабисот за возрасни луѓе или за лична употреба, вели Штерјова.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот