ВИДЕО: Шпанија повторно не победи, Левандовски ги казни промашувaњата на „фуријата“

epa09286975 Robert Lewandowski (2-L) of Poland scores the 1-1 goal during the UEFA EURO 2020 group E preliminary round soccer match between Spain and Poland in Seville, Spain, 19 June 2021. EPA-EFE/David Ramos / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Фаворизираната Шпанија уште еднаш ги разочара своите навивачи играјќи 1:1 во Севиља против Полска и по две кола на Евро 2020 има два бода. Шпанците кои во натпреварот влегоа како големи фаворити, уште од стартот ја наметнаа својата игра со голем посед на топката, го притисикаа противникот кој пак во првото полувреме се закануваше преку контранападите.

Шпанците поведоа во 25 минута и тоа преку Алварп Мората кој успеа да се нахде пред Бережински и да го избегне офсајдот и да постигне гол. Главниот судија Ентони Тејлор прво покажа дека е офсајд, но по проверка во ВАР собата, одлуката беше дека Мората не е во офсајд.
Во второто полувреме Полска во 55 минута успеа да дојде до израмнување. Стрелец беше најдобриот играч на Полска, Роберт Левандовски кој при скокот малку го одгурна Лапорт но, доволно да не направи прекршок и ја затресе мрежата.

Потоа, Шпанија доби пенал кој не успеа да го реализира Жерар Морено кој ја погоди стативата.
До крајот на натпреварот, „фуријата“ напаѓаше но не успеа да направи посериозна шанса со која би го загрозила голот на Шчешни.
Со ремито Шпанија падна на третото место на табелата со два бода зад Шведска и Словачка додека Полска е последна со еден бод. Во последното коло Шпанија ќе игра со Словачка, додека Полска ја очекува пресметка со Шведска.

Видео на денот