ВИДЕО: Шоу на Богдановиќ и рекорд на сезоната против Милвоки!

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Доцна синоќа во НБА лигата играчите на Атланта го совладаа Милвоки со 111:104, а Богдан Богдановиќ повторно имаше одлични перформанси..

Српскиот интернационалец забележа рекорд на сезоната од 32 поени, три скока и една асистенција и беше најефикасен играч на паркетот.

Во редовите на Бакси доминираше Јанис Адетокумпо кој запиша 31 поен и 14 скока, а Крис Мидлтон додаде 23 коша.

Хокси дојдоа до четвртата победа во последните пет мечеви и со учинок од 34 победи и 27 порази се наоѓаат на четвртото место на табелата во Источната конференција, додека Милвоки е третопласиран со скор 37-23.

НБА лига, резултати –

Вашингтон Визардс – Кливленд Кавалирс 119:110
Атланта Хокс – Милвоки Бакс 111:104
Орландо Меџик – Индијана Пејсерс 112:131
Голден Стејт Вориорс – Сакраменто Кингс 117:113

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот