Фото: КК Партизан

ВИДЕО: Шортс најдобар на теренот во поразот на Париз во Белград

Eкипата на Партизан во одличен натпревар стигна до победа во Евролигата против тимот на Париз со 92:86 каде што настапува македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс.

Гостите стартуваа фуриозно и поведоа со 26:24 по првата четвртина, но како што одминуваше времето домаќините играа се подобро во одбраната. На крајот клучна беше последната четвртина во кој кошаркарите на францускиот тим постигнаа само 17 поени.

Шортс и на овој натпревар беше најефикасен во редовите на својот тим, но и на натпреварот со 19 поени, додека за Партизан Карлик Џоунс уфрли 17 поени.

Партизан ан табелата по 23 кола во Евролигата се наоаѓа на 11-татап озиција веднаш зад Баерн кој е 10-ти и тоа е последното место кое води во разигрувањето за место во завршницата. Париз од друга страна е седми и е во битка за првите шест позици кои обезбедуваат директно место во четвртфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот