ВИДЕО | Шокантна снимка од црногорско приморје: На плажа им се провлече несакан гостин

Плажа во Петровац

Снимката од змија како лази по песокот на плажата во Чањ никого не остави рамнодушен на социјалните мрежи.

Видеото е објавено на Фејсбук страницата  „Подгорички времеплов“ и покрена низа коментари меѓу публиката.

-Тоа е вид на змија Топчест питон, веројатно му побегнала на некого или некој го оставил тука, со оглед на тоа дека потекнува од западна и централна Африка. Не се отрвони и не спаѓаат во агресивните видови, лови така што ќе го касне и ќе го задави пленот, иако ова е мал примерок кој не може никому да му наштети, напиша еден корисник.

Други негодуваа дали е ова домашно милениче кое сопственикот си го зел на плажа, без да размисли како другите туристи би реагирале на влекачот во песокот.

– Питонот 10 дена слободно може да го оставите во терариум пред да замините на пат, треба само да се нахрани, да му се остави доволно вода и 15 дена не мора да се храни. Но ова е селска работа. Погледнете имам змија… Ако тргнам јас да ја шетам мојата боа од два и пол метри нема да му биде добро, напиша еден познавач на змии кој и самиот се пофали дека чувал боа.

Имаше и шегобијни коментари во духот на балканскиот хумор:

-Тргнала тештата на море“, Ми се загуби бившата“, Чик наплати и лежалка“, се само некои од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот