ВИДЕО: Шок за Ливерпул, елиминиран од ФА купот во 92 минута

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Брајтон се пласираа во осминафиналето на ФА Купот, откако на домашен терен го совладаа Ливерпул со 2:1.

Гостите поведоа во 30 минута преку Харви Елиот, а девет минути подоцна израмни Луис Данк.

Брајтон победи против бранителот на титулата во втората минута од судиското надополнување, кога Каору Митома постигна гол.

На почетокот на овој месец, Брајтон на домашен терен го победи Ливерпул во 20 коло од Премиер лигата со резултат 3:0.

Во следната фаза се најде и екипата на Стоук која со 3:1 го елиминираше Стивениџ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот