ВИДЕО: Шок за „армејците“, Барса пресилна за Црвена звезда!

Фото: euroleague.net

Денеска на програмата се одиграа три натпревари од 21 коло во најелитното клупско натпреварување, Барселона ја продолжи победничката серија откако славеше со 60:72 против Црвена звезда.

Тоа е вкупно 15 победа на каталонскиот гигант сезонава за моментно прво место на табелата (15-6), додека белградските „црвено-бели“ после 14 пораз се на 16 место (7-14).

Во шпанската екипа доминираше Хигинс со 14 поени, а на спротивната страна за српскиот претставник блескаше Добриќ.

Фенербахче приреди изнадување на гостувањето ја ЦСКА Москва со 83:89, иако по првата четвртина „армејците“ имаа предност од 21:15. За Русите ова е шести пораз (втор по ред), додека турскиот тим реди победи, но и натаму е надвор од Топ 8 кој води во плеј-офот.

Кај гостите чешкиот интернационалец Весели имаше 24 поени (шест скока), следен од Французинот Де Коло (22 поени, девет асистенции), а за домаќините Грузиецот Шенгелија запиша 18 поени (четири скока).

Во третиот завршен меч составот на Жалгирис успеа со 81:79 да слави над Олимпијакос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот