ВИДЕО: Шојгу конечно се појави во јавноста откако многумина шпекулираа за неговата состојба

Сергеј Шојгу/ Фото EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY/KREMLIN POOL/SPUTNIK/ POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој долго време не се појавува во јавноста, одржа работна средба со раководството на воениот оддел и изјави дека наредбата за државна одбрана се спроведува според планот, и покрај тешкотиите, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Одржавме состанок со Министерството за финансии за повеќе прашања во однос на извршувањето и буџетските обврски за оваа година и најважно, за наредбата за одбрана на државата. И покрај тешкотиите што ги имаме денес, тој план го исполнуваме. Имајќи предвид дека годинава буџетските средства го надминаа претходниот за 15 отсто, секако треба да размислиме на што посебно треба да внимаваме при исполнувањето на нашите задачи – рече министерот.

Продолжуваме да го подобруваме снабдувањето со оружје и опрема со кредитни средства. Приоритети се прецизно оружје со долг дострел, воздухопловна опрема, како и одржување на борбената готовност на стратешките нуклеарни сили – нагласи Шојгу.

Тој додаде дека имајќи го предвид спроведувањето на специјалната воена операција во Украина, во 2022 година е неопходно да се задржи поставеното темпо за снабдување на војниците со напредно оружје, вклучувајќи роботски системи, информативна поддршка и електронско војување, како и логистика.

– Сакам да напоменам и дека Министерството за одбрана во целост ги исполнува сите општествени обврски кон персоналот, имајќи ги предвид донесените одлуки за соодветните индексации. Ова исто така важи и за индексирањето на паричните надоместоци за воениот персонал и за надоместокот на цивилниот персонал и, се разбира, како што е предвидено со нашето законодавство, за воените пензионери, додаде рускиот министер за одбрана.

Да потсетиме, изминативе денови многу се шпекулираше каде е рускиот министер за одбрана, како и дека нешто не е во ред со неговото здравје. Портпаролот на Кремљ потоа се огласи и рече дека здравствената состојба на Шојгу е добра.

– Шефот на руското Министерство за одбрана Сергеј Шојгу сега има многу грижи. Во тек е специјална воена операција. Се разбира, сега не е време за медиумски активности. Тоа е сосема разбирливо – изјави портпаролот на Кремљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот